Description

деветте месеци за време на кои жената во своето тело носи ембрион и фетус во развој

Additional notes and information

За време на бременоста, и жената и детето во развој може да се соочат со разни здравствени ризици. Пореметувањата и компликациите поврзани со бременоста, што може да доведат до неспособност за работа, се дел од ризиците што ги носи бременоста, па оттука помалку поволен третман на таа основа, или отказ, би било еднакво на директна дискриминација врз жената. Иако ваквите права во минатото се сметале за исклучок од принципот на еднаков третман, денес тие се сметаат за средство со помош на кое се обезбедува спроведување на принципот на еднаков третман на жените и мажите, како во однос на вработувањето, така и во однос на работните услови. Всушност, нивната цел е да се направи приспособување во однос на главната биолошка разлика меѓу жените и мажите.