Description

специјална заштита за бремените жени и работничките што неодамна родиле или дојат за да се спречи штета по нивното здравје или здравјето на нивните деца, а во исто време и да се осигури дека нема да ја изгубат својата работа поради бременоста или породилното отсуство

Additional notes and information

Таквата заштита не им овозможува на жените само еднаков пристап до вработување и заштита од дискриминација; таа е и предуслов за да се постигне вистинска еднаквост на можностите за работа за жените и мажите и еднаков третман, и да им се даде можност на вработените да создаваат семејства во услови на сигурност. Имајте предвид дека ваквата заштита не ги опфаќа секогаш и небиолошките родители, и не ги зема предвид секогаш најновите достигнувања во медицината и општеството со кои се проширени начините како се станува родител.