Description

метод на интегрирање на родовата перспектива со кој се внесуваат проблематиките од областа на родовата еднаквост во евалуацијата на целите, но исто и во методологијата за евалуација, пристапите и употребата

Additional notes and information

Родово сензитивниот мониторинг и евалуација се користи за да се открие дали некоја програма одговара на различните приоритети и потреби на жените и мажите, да се процени дали влијае врз родовите односи, и да се определат родовите аспекти што треба да се интегрираат во системи за мониторинг и евалуација. Со вклучувањето експлицитни цели и индикатори за родова еднаквост во фазата на планирање се зајакнува и отчетноста во однос на постигнатиот напредок по прашања од областа на родовата еднаквост. Ефективниот процес на родово одговорниот мониторинг и евалуација треба да вклучи и квалитативни и квантитативни податоци со кои се мери влијанието врз родовите односи. Без доволно податоци, многу е тешко да се изврши значенска анализа на влијанието врз родовата еднаквост. Воедно, тоа подразбира и дека сите податоци што ќе се соберат, претстават и анализираат треба да се родово разделени.