Description

општествени својства и можности што се поврзуваат со тоа да се биде женско или да се биде машко, и со односите меѓу жените и мажите и момчињата и девојчињата, како и односите меѓу самите жени и односите меѓу самите мажи.

Additional notes and information

Овие својства, можности и односи се општествено конструирани и се научени преку процесот на социјализација. Тие се специфични за контекстот и времето, и се променливи. Родот утврдува што е она што е очекувано, дозволено и вреднувано кај жената и мажот во даден контекст. Во повеќето општества постојат разлики и нееднаквости меѓу жените и мажите во однос на доделените задолженија, преземените активности, пристапот до ресурсите и нивна контрола, и можностите за носење одлуки. Родот претставува дел од поширокиот социо-културен контекст. Други важни критериуми за социо-културна анализа се класата, расата, степенот на сиромаштија, етничката припадност и возраста. Родово заснованите претпоставки и очекувања општо ги поставуваат жените во понеповолна положба во однос на супстантивното уживање на своите права, како слободата да постапуваат и бидат признати како автономни, целосно способни возрасни лица, целосно да учествуваат во економскиот, општествениот и политичкиот развој и да носат одлуки што се однесуваат на нивните околности и услови. Родот е воедно и важен поим што треба да се разбере и во контекст на родовиот идентитет.