Description

нова административна и статистичка категорија со која се надминува бинарната опозиција жена/маж или женско/машко

Additional notes and information

Квир теоријата и граѓанските движења - кои се фокусираат на алтернативниот родов и трансродов/транссексуален идентитет, традиционалните пракси и знаења за „третиот род“ - заедно иницираа нова категорија. Таа е воведена во Нов Зеланд и во Германија (како неодреден/ненаведен род), и во Индија, Бангладеж и Пакистан каде што се среќава родовата категорија „друго“ или „трет род“.