Description
домаќинство во кое единственото или главното лице што ги носи приходите и одлуките е возрасна жена
Additional notes and information
Во повеќето земји, жените најчесто не се сметат за глави на домаќинствата, освен кога во домаќинството не живее возрасен маж. Претпоставката дека главата на домаќинството е секогаш возрасен маж, дури и кога економскиот придонес на жената кон одржувањето на домаќинството е ист или поголем од придонесот на мажот, претставува родова пристрасност. Во земјите во развој, постои општ тренд на сè поголем број жени што се примарен извор на економска поддршка за своите семејства.