Description

третман на поединец или група поединци на начин што веројатно ќе доведе до поголеми погодности, пристап, права, можности или статус од оние што ги ужива друг поединец или група поединци

Additional notes and information

Повластениот третман во однос на жените и мажите бара усвојување на специфични мерки што не се сметаат за дискриминаторски и што опфаќаат конкретни повластици (погодности) за едниот од половите. Таквите мерки имаат за цел да ги исправат ситуациите на понеповолност и да ги отстранат пречките за родова еднаквост. Судот на правдата на Европската Унија, во предметот Каланке, ги употреби термините „автоматски“ приоритети и „апсолутни и безусловни“ приоритети.