Additional notes and information

Во економиката на развој, особено е важно да се направи дистинкција дали правата, исто наречени и побарувања, се директни или индиректни. Со неа се истакнува можноста некои чинители да зависат од трансфери на ресурси од други, или од државата, и улогата на политиките во промената на правата. Оваа дистинкција меѓу примарните и секундарните побарувања (...) е особено важна кога со економска реформа се модифицираат правата и трансферите, и така се врши диференцијално влијание врз мажите и жените.