Description

пристап кон анализа на домаќинствата со кој домаќинствата се претставени како комбинација од времето на членовите на домаќинството и пазарните добра за да се продуцираат крајните сакани резултати или стоки

Additional notes and information

Со овој пристап се игнорира внатрешната организација и структура на семејствата и домаќинствата зашто, во контекст на чистата неокласична теорија, и аналогно на третманот на фирмите, теоријата подразбира функционирање што е без трошоци и што е ефикасно. Неговата тематика го вклучува пазарното однесување на домаќинството (понудата на труд, потребата од добра), но и други појави, како бракот, плодноста, воспитувањето на деца и распределбата на времето.