Description

вработување во рамките на кое вработеното лице работи помалку часови во однос на вообичаеното полно работно време

Additional notes and information

Полното работно време може да се пресмета, на пример, на дневна, неделна, месечна, па дури и годишна основа, или врз основа на просечниот период на вработување.

Жените се презастапени во вработувањата со скратено работно време и затоа ги сносат неповолностите што ги носи овој вид вработување, како остварување недоволен приход за да се постигне економска независност, помалку можности во кариерата и помали пензии, особено ако имаат прекарно (помало) вработување со скратено работно време. Но, квалитетната работа со скратено работно време може да придонесе за зголемено учество на жените на пазарот на трудот.

Во разните земји традиционално се разликува начинот како се гледа општо на работата со скратено работно време, но особено и од страна на социјалните партнери. Работата со скратено работно време може да се смета за краен производ што ги отсликува родовите улоги, со акцент на неповолностите што ги носи овој вид вработување во однос на платата, унапредувањето, правата на пензија итн. Од друга страна, може да се смета и за инструмент за да се зголеми учеството н пазарот на трудот и така да се постигне економска независност на жените барем до одреден степен.