Description

жена, или девојка што не е во придружба, која ја напуштила својата земја за да бара меѓународна заштита

Additional notes and information

Може формално да побарала статус на бегалка, но сè уште треба да биде признаена како таква од страна на националниот орган за азил, или сè уште не поднела барање за да добие таков статус. Терминот „барател/барателка на азил“ не е дефиниран во ниеден правен инструмент и се дефинира во зависност од домашното право. Иако доделувањето статус на бегалец/бегалка е прерогатив на државата, со одредени исклучоци, статусот на бегалец/бегалка повеќе е декларативен отколку детерминирачки, т.е. лицата не стануваат бегалци поради признавањето, туку се признаваат бидејќи се бегалци. Не секоја жена што бара азил се признава за бегалка, но секоја бегалка првично е барателка на азил.