Description

работно ангажирање што е надвор од рамките на стандардниот работен однос, сфатен како работа со полно работно време и на неопределено време, и дел од подреден, но двостран работен однос

Additional notes and information

Оваа категорија опфаќа многу и сѐ поразлични форми на работа и вработување што се одлкуваат со флексибилност и намалена сигурност. Овие форми опфаќаат работа како работа со скратено работно време, повремена и сезонска работа, делење на работното место, договори на определено време, привремена работа, работа од дома и работа на далечина; самовработување, и работа на неплатени сопружници или членови на семејството во мали, семејни бизниси. Одредени форми на атипичното вработување не се соодветно регулирани, со што се загрозува сигурноста на работното место и остварувањето социјалната заштита. Трудовата статистика најчесто не успева да ги идентификува и опише „атипичните“ форми на вработување, кои најчесто се повремени, со скратено работно време, неформални, непријавени кај даночните органи, неплатени, се вршат од дома или близу до дома, и често се вршат наизменично со домашната работа. Жените почесто се наоѓаат во такви ситуации на „атипична работа“ од мажите, и како резултат на тоа, често се потценувани и не се опишани толку добро како мажите. Понатаму, трудовата статистика не се прикажува секогаш на начин што би бил корисен за да се идентификуваат разликите или сличностите меѓу работниците и работничките. Вреди да се истакне дека Меѓународната организација на трудот (МОТ) работи на унапредување на категоризацијата на атипичните видови вработување.